Дали Арсенал ќе ја сопре најцрната серија во последните 30 години?

Вест хем – Арсенал (21 ч.)

Лондонски дуел на два тима кои се во очајна серија. Вест хем има седум порази, две нерешени и само една победа во последните 10 дуели, а сличен е и билансот на противниците. Арсенал се нема израдувано на победа во последните девет средби (пет реми и четири порази), што е најлош биланс на клубот во последните 30 години.

Токму поради слабите резултати, од клупата на Топчиите си замина Унаи Емери, но и тоа не донесе промена, бидејќи без шпанскиот стратег, Арсенал дома беше поразен од Брајтон. Вест хем дома има само две победи во седум меча, но Арсенал на гости сезонава се израдува само еднаш во седум средби.

Одбраната е послаб дел на двата тима, па најреално е да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.73)

 

Оденсе – Алборг (19 ч.)

Меч на кој двете екипи се борат за влез во Супер лигата во Данска. Традицијата вели дека на четири од последните пет меѓусебни средби немало повеќе од два гола. Алборг на последните три гостувања во првенството нареди две победи и реми, но Оденсе сигурно нема лесно да потклекне.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.12)

 

Перуџа – Козенца (21 ч.)

Се очекува типичен дуел од Серија Б во Италија. Козенца е тим кој сака да се брани, па затоа во 14 средби има дури седум нерешени меча. Перуџа на свој терен само еднаш загуби во седум средби и секако дека е фаворит, но тоа пто е најреално за овој дуел е дека не би требало да има повеќе од два погодоци, како што било и на претходните две меѓусебни меча.

Предлог тип: 0-2 (1.59)

 

Штутгарт – Нирнберг (20:30 ч)

Штутгарт се надева дека сезонава ќе успее да се брати во Бундес лигата. Нирнберг е тим против кој домаќините реално треба да очекуваат освојување на трите бода. Двете екипи играат отворено, без многу калкулации, а имаат и нестабилни одбрани.

Штутгарт во претходното коло даде четири гола, но загуби на гости од Сандхаусен со 1:2, бидејќи дури три погодоци му беа поништени на легендарниот Марио Гомез. ВАР технологијата покажуваше дека Гомез за неколку милиметри во сите три ситуации е во недозволена ситуација. Сега е време Гомез да е радува на регуларни голови.

Предлог тип: 1&3+ (2.18)

 

Рио Аве – Жил Висенте (21:15 ч.)

Две екипи кои реално ќе им биде успех останување во елитната лига во Португалија. Жил Висенте е во одлична низа и има три победи по ред, а во претходното коло го изненадија и Спортинг.  Рио Аве има девет средби по ред на кој нема повеќе од два гола, а седум од нив биле и НГ (едниот тим да не даде гол).

Овојпат домашниот терен дава предност на Рио Аве, но сепак неубедливите игри не може да бидат гаранција за сигурен „кец“. Очекуваме да продолжи неефикасната низа на домаќините и да нема многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.93)

 

- Оглас -

Најнови вести