Дали е можно, Ангеловски нема да ја води Македонија на ЕП, туку Просинечки?!

Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, е изненадувачката информација која ја објавија некои српски медиуми. Актуелниот договор на селекторот Игор Ангеловски истекува в четврток, а од ФФМ досега најавуваа дека нема да разговараат со него за продолжување на нов договор се додека не истече актуелниот.

Така ФФМ остави простор за шпекулации, а таква доаѓа од Србија. Доколку е вистина дека човекот кој го врати Горан Пандев во националниот тим и ги однесе Рисовите на ЕП нема да ја води репрезентацијата, тоа ќе биде големо изненадување, веројатно ќе се покаже и како голема грешка.

Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор. Тој беше селектор на БиХ и Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести