Дали е на повидок спектакуларен камбек, Мурињо има незавршена работа на „Олд Трафорд“?

Жозе Мурињо, кој пред десетина дена доби отказ во Рома, би можело да направи спектакуларен камбек во Премиер лигата, и тоа на клупата на Манчестер јунајтед, пишува англискиот весник „Дејли мејл“.

Неименуван извор, кој е близок до Мурињо, му рекол на новинарот на „Дејли мејл“ дека Португалецот чувствува дека има незавршена работа на „Олд Трафорд“ по неговото заминување во 2018 година.

Наводно, Мурињо со задоволство би се вратил во Јунајтед и би работел со косопственикот сер Џим Ретклиф кој е задолжен за фудбалските операции.

„Жозе има амбиција да се врати во Јунајтед. Чувствува дека има незавршена работа бидејќи минатиот пат заврши како што заврши. Сега сака нова мисија, да се врати“, се зборовите на изворот близок до Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести