Дали е на повидок трансфер-бомба, легендата на Ливерпул е главен фаворит за клупата на ПСЖ

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, е меѓу фаворитите да биде нов тренер на францускиот ПСЖ.

Шкотскиот весник „Сан“ пишува дека Џерард треба да биде наследникот на Кристоф Галтие на клупата на ПСЖ, кој ги разочара челниците на клубот. ПСЖ во неделата ја прекина серијата од три порази по ред, но Галтие нема авторитет во соблекувалната и не може да се справи со големите ѕвезди.

Згора на тоа, на челницте на клубот тешко им падна поразот од Баерн во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и доколку во реваншот не слават, тогаш Галтие сигурно ќе добие отказ.

Стивен Џерард сезонава ја започна на клупата на Астон вила, но по серијата слаби резултати, доби отказ, а претходно седеше на клупата на шкотскиот Ренџерс.

Освен Џерард, медиумите шпекулират дека и Томас Тухел е во игра да го наследи Галтие.

- Оглас -

Најнови вести