Дали е ова конечна потврда за настап на Ѓоковиќ во Мелбурн? Објавено е дека ќе биде прв носител на гренслемот

Организаторите на Отвореното првенство на Австралија веруваат дека рекордерот Новак Ѓоковиќ ќе игра на првиот гренслем во сезоната, иако има многу проблеми со визата и доживеа многу непријатна одисеја во Мелбурн.

Објавено е дека српскиот тенисер е поставен за прв носител и ќе го предводи машкиот тениски карван на ждрепката за турнирот закажана за 13 јануари, во четврток.

Новак, кој има најмногу титули во историјата на Отвореното првенство на Австралија, точно 9, веројатно ќе има шанса да го брани пехарот и да стигне до јубилејна десетка, но и до рекордна 21-ва гренслем-титула.

Зад него како носители се рангирани: Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рублев и како шестти фаворит Рафаел Надал.

Кај дамите прва носителка е Ешли Барти, пред Арина Сабаленка, Гарбиње Мугуруза, Барбора Крејчикова и Марија Сакари во Топ-5 фаворитки на турнирот што ќе се игра од 17 до 30 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести