Дали е ова замената за Буфон во ПСЖ?

ПСЖ денес го претстави Марсин Булка, младиот полски голман кој пристигна без обесштетување од редовите на Челзи. Деветнаесетгодишниот чувар на мрежата во изминативе три сезони бранеше за тимот на Сините до 19 години, а откако не доби продолжување на соработката се согласи на преселба во Франција.

Булка потпиша двегодишен договор со ПСЖ, а засега останува нејасно дали тој ќе биде поддршка за Алфонс Ареола, како што беше Буфон минатата сезона.

„Во последните неколку години ПСЖ им дава шанса на доста млади играчи да се докажат. Тоа беше една од причините што одлучив да ја продолжам мојата кариера во Париз и се надевам дека ќе продолжам со развојот“, истакна Булка на презентацијата.

Францускиот првак претходно ги официјализираше трансферите на Пабло Сарабија од Севилја, како и на Андер Ерера од Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести