Дали хуманитарната акција на Sport Life ќе биде и мотив да го одиграме најефикасното СП досега?

„Голови за победа, голови за радост“ е хуманитарната акција која ја организираше спортската обложувалница Sport Life, за време на Светското ракометно првенство во Германија и Данска. „Правилата“ на оваа хуманитарна акција се едноставни. Секој погодок на македонската репрезентација на Мундијалот ќе значи донирање на 2.000 денари од страна на Sport Life во хуманитарни цели.

На првиот меч против Јапонија, Македонија беше многу ефикасна и даде 38 погодоци. Тоа значи дека за само 60 минути, фондот на парични средства е 76.000 денари. Македонија во групната фаза ќе одигра уште четири средби. Утре против Бахреин, а потоа и против Хрватска, Шпанија и Исланд. Тоа се мечеви на кои фондот во хуманитарната акција ќе продолжи да се полни.

Во зависност од резултатите, Македонија или ќе продолжи во главната групна фаза каде следуваат уште три меча, или ќе игра за пласман во долниот дел на Мундијалот. Како и да е, тоа се плус мечеви и нови голови за нови радости.

Македонија досега била на пет Светски првенства, а најефикасна била на Мундијалот во Хрватска во 2009 година. Тогаш на 11 одиграни средби, Македонија даде 309 погодоци. На останатите четири континентални собири, „црвено-жолтите“ ја немаат надминато границата ни од 200 погодоци, но максимум на овие турнири имаат играно по шест меча.

На СП 2015 во Катар, Македонија вкупно даде 181 погодок, а две години претходно во Шпанија застана на 165 погодоци. На Мундијалот во Франција пред две години постигнавме вкупно 163 голови. Најслаб е билансот од дебитантскиот настап во 1999 година во Италија, кога на пет средби, Македонија вкупно постигна 122 голови.

Ако Македонија во Минхен продолжи во ист ритам како на дуелот против Јапонија, речиси сигурно ќе се надмине бројката од 200 погодоци на турнирот, но прашање е дали хуманитарната акција на Sport Life, може да биде мотив се достигнат и рекордните 309 погодоци кои Македонија ги даде на СП 2009 година во Хрватска. Доколку Македонија успее да го надмине тој рекорд и постигне барем 310 голови на актуелниот светски собир, тогаш паричните средства од хуманитарната акција на Sport Life, може да ја надмине и сумата од 10.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести