Sport Life само за дуелот против Јапонија ќе донира 76.000 денари

Македонија триумфално стартуваше на Светското ракометно првенство, победувајќи ја Јапонија со 38:29. Ефикасната игра на нашите ракометари оди во корист на децата кои треба да добијат парични средства од хуманитарна акција во организација на спортските обложувалници на Sport Life.

„Голови за победа, голови за радост“ е хуманитарната акција на Sport Life, која започна со стартот на првиот меч на Македонија на Мундијалот. Акцијата е едноставна. Секој постигнат гол на македонските ракометари на Светското првенство вреди по 2.000 денари. Ако се знае дека денеска Македонија даде 38 погодоци против Јапонија, тоа значи дека контото по првиот ден е 76.000 денари или нешто повеќе од 1.200 евра донирани од страна на Sport Life обложувалниците.

Следниот меч на Македонија е в недела против Бахреин, а до крајот на групната фаза следуваат и дуелите против Шпанија, Хрватска и Исланд. Потоа ќе има и други мечеви, во зависност од резултатите во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести