Дали Клоп згреши? Ливерпул 28 години немал ваков состав

Ливерпул киксираше во првото коло од Премиер лигата откако одигра само 2:2 на гости кај Фулам и не ја оправда улогата на фаворит. Тимот на Јирген Клоп дури може да биде и задоволен од освоениот бод, ако се знае дека Фулам два пати имаше предност, а гостите израмнуваа.

Педантните статистичари во Англија забележаа дека Клоп на овој меч решил во стартниот тим да стави дури шестмина фудбалери кои имаат 30+ години. Ваков состав во кои повеќе од половина фудбалери се 30+ погодоци, Ливерпул има за прв пат по февруари 1994 година.

Фирмино, Хендерсон, Матип, Салах, Тијаго и Ван Дајк се играчите што имаат над 30 години. На почетокот на второто полувреме, Клоп реши од игра да ги извади Тијаго и Фирмино, а потоа играта ја гостите доби динамика со влегувањето на Елиот (19 години) и Нуњес (23 години).

Со помлади сили на теренот, Ливерпул во второто полувреме даде два гола и создаде повеќе шанси, нешто што фалеше во играта на гостите во првите 45 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести