Дали кошот за победа на Ирвинг против шампионот беше нерегуларен? (Фото)

Далас го победи Денвер на свој терен со 107:105 и тоа благодарение на поените на Кајри Ирвинг постигнати со звукот на сирената. Лука Дончиќ доминираше на теренот и беше најефикасен со 37 поени, но во последниот напад на Далас, одлуката да го реши мечот му беше доверена на Ирвинг.

Кајри ја доби топката и тргна во напад додека го чуваше Никола Јокиќ. Ирвинг на чуден начин ја исфрли топката, која на крајот заврши низ обрачот за голема радост на домашните навивачи.

Непосредно по мечот, се појави фотографија која дава сомнеж околу тоа дали победникиот поен е регуларен. Според таа фотографија, Ирвинг со едната нога за неколку милиметри стапнува на линијата за аут и според тоа, требало да има аут и топка за гостите.

Сепак, овој момент никој од судиите не го забележа, а ниту од гостите за да реагираат и да бараат прегледување на ситуацијата.

- Оглас -

Најнови вести