Дали крајот вака мириса? Федерер најави повеќемесечна пауза

Роџер Федерер објави дека нема да игра на САД опен, и дека ќе оди на операција на коленото, по што ќе му следува долга, повеќемесечна пауза. Оваа објава ги загрижи фановите на швајцарскиот ас, и веќе има шпекулации дека можеби ова значи и крај на професионалната кариера за еден од најголемите тенисери во историјата.

„Потребна ми е операција. Сакам да си дадам шанса во некаков облик повторно да се вратам на Тур. Ќе бидам отсутен многу месеци“ – порача 40-годишниот Федерер кој последниот меч го одигра на Вимблдон, кога загуби од Унгарецот Хуркач.

- Оглас -

Најнови вести