Дали може да се одложи дуелот Исланд – Белгија!?

Во репрезентацијата на Исланд се појавија проблеми поврзани со корона-вирусот. На последните тестирања, еден од помошните тренери во репрезентацијата е позитивен на опасниот вирус, па најавата е дека можно е целиот стручен штаб на Исланд да заврши во изолација.

Доколку тоа се потврди, во прашање ќе се довде утрешниот меч од Лигата на нациите, на кој Исланд на свој терен треба да ја пречека Белгија. Засега нема најави за одложување на овој дуел, но интересно ќе биде кој ќе ја води селекцијата на Исланд доколку комплетниот стручен штаб заврши во изолација.

Само пред еден месец, Белгија со убедливи 5:1 го победи Исланд во групната фаза од Лигата на нациите, па и утре е голем фаворит за победа. По три меча, Белгија има шест бода и е на второто место зад лидерот Англија со 7 бода, додека Исланд нема освоено ниту еден бод досега.

 

- Оглас -

Најнови вести