Дали сепак Сити доби историска неправда? ВАР не виде дека голот на Љоренте е со рака(Видео)

Во еден од најневеројатните мечеви од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, Манчестер сити го победи Тотенхем со 4-3, но гостите се радуваа на влез во полуфиналето бидејќи на првата средба славеа со 1-0. По вкупните 4-4, Тотенхем е во полуфиналето поради головите дадени на гости.

Вистинска драма беше целиот меч во Манчестер, а кулминацијата се случи во 93-тата минута. Сити даде погодок за 5-3, домаќините се радуваа, но за кратко. По прегледувањето на ВАР-системот, погодокот беше поништен поради офсајд. Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.

Многу коментари се дека ВАР-системот ја спасил правдата во фудбалот, но дали е така? Погодокот што Тотенхем го даде за 4-3, кога Љоренте ја затресе мрежата на домаќините, исто така беше под ВАР-надзор. Судијата Чакир гледаше, прегледуваше и реши дека нема играње со рака на гостинскиот играч.

Сепак, една видеоснимка го тврди спротивното. Погледнте и сами одлучите дали Сити е оштетен со ВАР-системот.

- Оглас -

Најнови вести