Дали Симпсонови ќе го погодат и победникот на Супер болот?

Љубителите на теории апсолутно се убедени дека анимираната серија „Симпсонови“ во последните неколку години ги предвидува работите кои треба да се случат. Во популарните епизоди на Симпсонови има многу сцени кои подоцна и се оствариле, па така тие уште пред многу години го направија Доналд Трамп да биде претседател на САД, што и на крајот се случи.

Има и мнгу други ситуации со кои Симпсонови биле „пред времето“. Последна во низа е поврзана со спортот и тоа со најпопуларниот спортски настан во САД. Американскиот Супер бол е спортски меч кој го гледаат најголем број на луѓе, а оваа година во финалето ќе играат Синсинати бенгалс и Лос Анџелес рамс.

Во епизода на „Симпсонови“ од февруари 2005 година, се покажува како Хомер на своето тело има напишано „Напред Бенгалс“, а подоцна во епизодата се покажува и резултатот од Супер болот. Синсинати победи со 34:31.

Според квотите во Sport Lifе, тимот од Лос Анџелес ја има фаворитската улога, па дополнително чудо би било ако победи Синсинати и тоа со резултат 34:31.

- Оглас -

Најнови вести