Дали сте виделе по депресивната прослава во фудбалот? (Видео)

Екипата на Барнсли се пласираше во Чемпионшип за следната сезона, откако освои 91 бод и како второпласирана, веднаш зад Лутон, се избори за директен пласман во еден ранг повисоко. За Барнсли ова е голем успех, посебно ако се знае дека во третата лига сезонава играа и некогашните премиерлигаши Чарлтон, Портсмут и Сандерленд.

За успехот кој го направи, Барнсли организираше прослава со отворен автобус низ улиците на градот. Сепак, ништо не излезе онака како што беше предводено. За време на прославата заврна силен дожд, па голем дел од навивачите кои излегоа да ги поздрават фудбалерите, избегаа од улиците.

Дождот потоа запре, но улиците беа празни улици, па автобусот во кои беа играчите речиси и да немаше кој да го пречека и да ги поздрави фудбалерите.

Барнсли е тим во кој пред две децении играше некогашниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Христов. Напаѓачот беше дел од тимот на Барнсли во периодот од 1997 до 2000 година, а играше и постигнуваше голови и во Премиер лигата. Еден од неговите погодоци, неодамна беше прогласен за гол на денот во Премиер лигата.

https://twitter.com/i/status/1126383780451819520

- Оглас -

Најнови вести