Премиер лигата го памти Христов: Голот на денот е резервиран за Македонецот (Видео)

Ѓорѓи Христов, eден од најдобрите македонски голгетери, денеска има свој ден во Премиер лигата. Англиската елитна лига одбра за „Гол на денот“ да го прогласи погодокот кој Христов го даде речиси пред 21 година. Во 1997 година, за сума од 1,5 милиони фунти, што беше тогаш рекорден клупски трансфер, Христов од Партизан замина во Барнсли.

Во првата сезона во дресот на Барнсли, Христов даде осум гола во Премиер лигата, а еден од тие погодоци беше постигнат на гостувањето против Блекбурн. Тоа се случи на 31 март 1998 година. Христов прими топка и со еден допир успеа да ја смири, а потоа со одличен шут успеа да ја затресе мрежата на Блекбурн и во 67-мата минута израмни на 1-1. За жал на Христов и Барнсли, до крајот на дуелот Блекбурн даде уште еден гол и домаќините победија со 2-1.

Уживајте во погодокот на некогашниот македонски репрезентативец. Христов во периодот од 1995 до 2005 година во националниот дрес одигра 48 меча и даде 16 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести