Далиќ одби милиони за да остане селектор на Хрватска

Селекторот на Хрватска Златко Далиќ, ја одби понудата од Соединетите Арапски Емирати да биде нивен селектор. Наводно, на Далиќ му нуделе договор од пет милиони евра годишно, што е петпати повеќе од сумата која ја заработува на клупата на Коцкасите.

Сепак, креаторот на сребрената Хрватска од последниот Мундијал не го интересираат милионите, како што тврдат хрватските медиуми, а сака да ја води репрезентацијата до нов успех на следното ЕП кое се одложи за 2021 година.

На Далиќ му истекува договорот со Хрватска за неколку месеци, но се верува дека ќе ја продолжи соработката и ќе се согласи на пониска плата од актуелната, со оглед на кризата која се предизвика од пандемијата со Корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести