Далиќ по ЕП ја напушта репрезентацијата на Хрватска

Златко Далиќ, селекторот на Хрватска, по Европското првенство ќе ја напушти репрезентацијата и ќе почне нова авантура со Фенербахче. Додека неговите фудбалери се надигруваа против Чешка во мечот од второто коло на ЕП, се потврди ангажманот на Далиќ во турскиот гигант.

Иако човекот кој од Коцкастите направи светски вицешампиони на Мундијалот во 2018 година, според договорот требаше да ја води селекцијата и на СП во Катар, тоа нема да се случи бидејќи веќе ги има прифатено условите да биде нов тренер на Фенербахче.

Доколку Хрватска не победи против Шкотска во последното коло, пласманот во нокаут фазата ќе биде невозможен, а воедно и последен меч за Далиќ како селектор на оваа репрезентација.

https://twitter.com/sercanhamzaolu/status/1405827799131340802

- Оглас -

Најнови вести