Дамите на Челзи и Барса во битка за прва европска титула

Завршува доминацијата на женскиот тим на Олимпик Лион кој европската титула ја освојуваше во претходните пет сезони. Дамите на Челзи и Барселона вечерва (21ч) на „Гамла Улеви“ стадионот во Гетеборг ќе се борат за првата европска титула.

Двете екипи како шампиони во своите земји имаат цел да се закитат со прво меѓународно одличје, а според квотите во Sport Life, повеќе шанси им се даваат на Каталонките кои се неприкосновени во шпанската лига за жени со 26 победи во исто толку натпревари.

Барса во својата историја само еднаш играше финале кое го загуби токму од Лавиците во сезоната 2018/19, додека Сините првпат се во ситуација да се надигруваат за престижниот пехар, откако претходно двапати испаѓаа во полуфиналната фаза.

Само еден пријателски дуел од летото 2018 година се памети меѓу финалистите во кој немаше победник при конечни 1-1, што значи дека првпат се среќаваат во меч од натпреварувачки карактер, во кој екипата која ќе биде подобра ќе испише историја.

Англија има само еден шампион во женска конкуренција, тоа е тимот на Арсенал кој титулата ја освои во сезоната 2006/07, додека Шпанија нема ниту еден европски првак.

- Оглас -

Најнови вести