Дана ги разочара фановите на Ултимејт фајт – Годинава ќе нема реприза од најгледаниот меч во историјата

Дана Вајт ги разочара грото фанови на Ултимејт фајт борбите и објави дека до крајот на 2020 година ќе нема реприза од епскиот дуел меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Во 2018 година во Лас Вегас имаше меч меѓу двајцата одлични фајтери, што заврши со победа на Нурмагомедов со прекин. Потоа се случи и инцидент и тепачка надвор од октагонот, а се заедно тоа беше најгледаниот УФЦ меч во историјата.

Настан што се уште се прераскажува и со нетрпение се очекува негова реприза.

„Конор е во пензија и нема да се бори во 2020 година. И јас го немам во мојот воен план. Можеби следната година, ќе видиме“, изјави Вајт.

На иста линија со првиот човек на УФЦ се и од таборот на Хабиб, а изјавија дека Конор може сега да биде само резерва и да чека шанса од клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести