Дани Алвес е чудо: На 37 години се пронајде на нова позиција и растура (видео)

Дани Алвес несомнено беше меѓу најдобрите десни бекови, ако не и најдобар во деновите кога играше за Барселона. Со Каталонците освои сè што можеше да се освои, а неговата конекција со Лионел Меси по десната страна беше кошмар буквално за секој противник.

Од летото 2019 година Алвес го напушти ПСЖ и се врати во татковината, каде што веќе две сезони игра за Сао Паоло, но таму има нова улога. На 37 години Алвес се пронајде на позицијата последен играч за врска и потврди дека заслужено ја носи „10-ката“ на грбот.

Моментално во бразилската Серија А е меѓу топ 5 фудбалерите, со оценка од 7,38 по настап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести