Дани Алвес имаше фантастично деби во новиот клуб (Видео)

По завршување на сезоната, Барселона реши дека нема потреба да го задржи ветеранот Дани Алвес во своите редови, па Бразилецот беше принуден да си најде нов клуб. За многумина изненадување беше одлуката Алвес да замине во Мексико и да го облече дресот на Пумас.

Фудбалерот кој е познат по тоа што е најтрофеен во историјата со над 40 пехари во големи натпреварувања, синоќа дебитираше за Пумас и веднаш воодушеви. Иако има 39 години, Алвес го одигра целиот меч, а во 90-тата минута асистираше за погодок кој му донесе 1:1 на Пумас и освојување на еден бод во дуелот против Мазатлан.

https://twitter.com/i/status/1552509637240422401

Освен асистенцијата за гол, Алвес имаше одличен настап и вкупно имаше три шута кон противничкиот гол. Интересно е дека Алвес на овој меч играше на една некарактеристична позиција за него, а тоа е на средината од теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести