Дани Алвес излегува од затвор, слободата ја плати милион евра

Пет дена по пресудата, поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвес денеска ќе излезе на слобода откако плати кауција од милион евра.

Судот во Барселона му одобри на Алвес да излезе од затвор со кауција, и тоа на помалку од два месеца откако беше прогласен за виновен за силување на девојка во ноќен клуб и пет дена откако ја дозна казната.

Дани Алвес е осуден на четири и пол години затворска казна, а по истекот на казната, уште пет години ќе биде на условна слобода, а притоа мораше на жртвата да ѝ плати отштета во висина од 150.000 евра. Тој исто така не смее да ѝ пријде на жртвата на помалку од 1.000 метри.

 

Тој нема да смее да ја напушти Шпанија, а на судот му ги предаде двата пасоши – бразилскиот и шпанскиот. Веднаш по излегување од затворот, се огласи неговиот брат, кој порача дека ќе докаже дека не е силувач.

„Даниел е невин“, напиша на социјалните мрежи, братот на Дани Алвес.

Сепак, случајот сè уште не е завршен бидејќи двете страни, и одбраната и обвинителот, кому му се приклучи жртвата со приватна тужба, се жалеа на пресудата.

Адвокатите на Дани Алвес сметаа дека казната е престрога и тој е невин, додека обвинителот и жртвата сметаат дека казната е премала и бараат максимална казна во висина од девет години затвор.

- Оглас -

Најнови вести