Дани Алвес ја фотографираше жена му, и тоа гола

Најтрофејниот светски фудбалер, бразилскиот десен бек Даниел Алвес, освен кон фудбалот, очигледно има пасија и кон фотографирањето, барем така вели неговата сопруга Јоана Санс. Неодамна бекот на Сао Пауло ја сликаше жена му во провокативна поза, а таа се пофали на Инстаграм.

“Обожува да ме фотографира. Не го интересира дали носам фин фустан, фармерки и маичка, секси долна облека, или само чорапи“ – напиша Јоана, која во случајов на себе имаше само хулахопки.

Дани и Јоана се запознаа во 2015 година, а се венчаа две години подоцна. Јоана изјави дека двапати ги одбивала понудите за брак, а третиот обид на фудбалерот бил успешен.

- Оглас -

Најнови вести