Дани Алвес одбива да јаде откако му беше одбиено барањето да се брани од слобода

Некогашниот бразилски репрезентативец и голема ѕвезда на светскиот фудбал, Дани Алвес, е во тешка психичка состојба откако Судот во Барселона го одби неговото барање да биде пуштен на слобода и така да го чека судењето по обвинението дека силувал една девојка.

Алвес, кој е најтрофеен фудбалер во историјата, веќе еден месец е во притвор и ќе мора од таму да го чека судењето по обвинението дека силувал девојка. Целиот инцидент се случил минатата година, во тоалетот на еден ноќен клуб, а потоа 23-годишната девојка го пријавила 16 години постариот напаѓач.

Обвинителството бараше Алвес да остане во затвор затоа што доколку се дозволи негово излегување надвор, Бразилецот можно е да избега од Шпанија. По оваа одлука да остане во затвор, психичкото здравје на Алвес се влошило, а тој почнал да одбива и да јаде.

Во текот на истрагата, Алвес дури петпати го менуваше својот исказ, што е дополнителен проблем за Бразилецот.

 

- Оглас -

Најнови вести