Дани Алвес осуден на четири и пол години затвор

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес денеска ја дозна казната за случајот кој се водеше во Судот во Барселона против него. Алавес е осуден на четири и пол години затвор поради силување на една девојка во ноќен клуб кон крајот на 2022 година.

Во казната му се пресметува и времето поминато во притвор, а тоа е малку повеќе од една година. Жртвата го пријави фудбалерот дека ја силувал во тоалет во ноќен клуб во Барселона. Судот му нареди на 40-годишниот Бразилец да ѝ плати 150.000 евра на жртвата.

Алавес е најтрофејниот фудбалер во историјата дури со 43 освоени трофеи во сениорскиот фудбал. Кариерата ја започна во Бахија во Бразил, а потоа замина во Европа, каде што прво заигра за Севилја, а потоа следуваше неговиот најдобар период во кариерата во која од 2008 до 2016 година играше за Барселона. Потоа замина во Јувентус, а има играно и за ПСЖ, Сао Пауло и УНАМ.

Во репрезентативниот дрес на Бразил има 126 меча и осум погодоци.

- Оглас -

Најнови вести