Дани Алвес, Пато и Хуанфран посрамотени од четвртолигаши (Видео)

Бразилскиот фудбалски гигант Сао Пауло доживеа срамен пораз и елиминација од четвртфиналето во шампионатот Паулиста откако на својот легендарен стадион „Морумби“ загуби од Мирасол со 2:3. Мирасол е екипа која се натпреварува во четвртата бразилска лига, но е дел и од шампинатот Паулиста.

Сао Пауло во своите редови има легендарни фудбалери, како Дани Алвес, Пато, Хуанфран, но на теренот херој беше еден анонимус. Непознатиот досега Зе Роберто е фудбалер кој вчера потпиша договор со четвртолигашот Мирасол и само по еден одржан тренинг со новиот клуб, беше пуштен да игра.

Токму Зе Роберто е креаторот на шокантната победа на Мирасол постигнувајќи два гола во првото полувреме. Сао Пауло успеа да стигне до 2:2, но гостите дадоа трет гол во 80-тата минута, и тоа беше доволно за елиминација на големиот фаворит.

„Ни во најлудите соништа не го замислував ова. Дојдов да тренирам во клубот, но тие ме замолија да играм и јас прифатив. Синоќа ми се јавија, го фатив првиот лет и дојдов. Одработив еден тренинг и истрчав на терен. Ова ми е најдобриот ден во животот. Мило ми е што успеав на клубот да му донесам толкава радост“, рече херојот Зе Роберто, кој има 26 години, а во кариерата има играно за повеќе бразилски клубови, а еден дел од кариерата има поминато и во Јужна Кореја.

https://youtu.be/LgvFoTAuvBE

 

- Оглас -

Најнови вести