Дани Алвес излегува на слобода со кауција, но кој плати еден милион евра за неговото ослободување?

Поранешниот фудбалер на Барселона и поранешен репрезентативец на Бразил, Дани Алвес, пред неколку дена неправосилно беше осуден на 4,5 години затвор поради сексуален напад врз девојка во Барселона. Судот денес одлучи дека Бразилецот може да се брани од слобода сè додека пресудата не биде правосилна, но за тоа ќе мора да биде платена кауција од еден милион евра, ќе му биде забрането да се доближи на еден километар од оштетената девојка, но ќе му бидат одземени и пасошите за да не побегне.

Единствениот проблем за Дани Алвес се парите, но и тој проблем денес е решен откако неговиот поранешен соиграч и голем пријател, Нејмар, одлучи да му помогне и ќе ги плати потребните средства, односно уплатата ќе ја изврши таткото на Нејмар.

Токму Нејмар во име на Дани Алвес ѝ плати и 150.000 евра на оштетената девојка, сума која ја одреди судот.

- Оглас -

Најнови вести