Дани Алвес денеска може да излезе од затвор

Судот во Барселона денеска ќе одлучи дали поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвес, осуден на четири и пол години затвор за сексуален напад, може да го напушти затворот или ќе мора да остане зад решетки.

Одбраната на 41-годишниот Алвес побара тој да биде на слобода додека нема правосилна пресуда и оваа одлука ќе биде донесена на рочиштето закажано за денеска претпладне.

Ексфудбалерот е на прагот да отслужи една четвртина од казната, што ќе му овозможи да започне да аплицира за привремено да биде ослободен од затвор.

Освен затворска казна од четири и пол години, судот во Барселона му одреди на Дани и парична казна од 150.000 евра, надгледувано ослободување пет години по излегувањето од затвор и забрана за приближување кон жртвата во период од девет и пол години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести