Дани Алвес стана најтрофејниот фудбалер во историјата

Пари Сен Жермен синоќа ја одбрани титулата во француското првенство, а тоа беше посебно значаен трофеј за дефанзивецот на „светците“, Дани Алвес. Бразилецот со овој пехар стана најтрофејниот фудбалер во историјата на најпопуларниот спорт во светот.За Алвес ова беше 42-ри трофеј во кариерата.

Алвес едноставно се има покажано дека е магнет за трофеи. На официјалната листа на ФИФА за играчи со најмногу трофеи следува Кралот Пеле со 37 трофеи, а на делба на третото место се Максвел, Гигс и Иниеста со по 35 трофеи.

Бразилскиот дефанзивец во кариерата има настапувано за пет клуба. Во дресот на ПСЖ, за него ова е петти голем успех, колку што имаше додека го носеше и дресот на Севилја. Алвес почна во Бахија во Бразил, каде што освои еден значаен трофеј, а во Јувентус се радуваше на два пехари. Најголемата колекција на медали и трофеи Алвес ја спечали додека го носеше дресот на Барселона. Со каталонскиот гигант, Дани се радуваше на 23 трофеи. Освен на клупско ниво, најтрофејниот фудбалер во историјата може да се пофали и со три медали во дресот на Бразил.

Вкупно во кариерата Алвес има одиграно 770 натпревари и има постигнато 54 голови. Нова шанса за нов трофеј и зголемување на рекордот Алвес ќе има веќе на 27 април. Тогаш ПСЖ ќе го игра финалето во Купот на Франција против Рен. „Светците“ се фаворити на овој дуел, а Алвес ќе може да биде првиот играч во историјата на фудбалот што ја достигнал бројката од 40 освоени трофеи.

 

- Оглас -

Најнови вести