Дани Алвеш веќе во месец мај може да излезе од затвор, па дури и да се врати во Бразил

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш, пред неколку дена неправосилно беше осуден на затворска казна од 4.5 години поради сексуален напад кој го извршил на новогодишната ноќ 2022-рата спрема 2023-тата година. Тој во затворот во Каталонија веќе е една година и еден месец, па доколку пресудата биде правосилна, тој веќе во месец мај ќе може да бара да биде ослободен.

Неговата адвокатка најави дека ќе се жали на пресудата, но и доколку не биде прифатена нивната жалба, тој од месец мај ќе може преку да излегува надвор, а во затворот да минува само осум часа, односно за спиење.

Ваквите правила се однесуваат за затворениците кои примерно се однесуваат, но и одлежале една третина од нивната казна. Сепак, Дани Алвеш на располагање има уште еден инструмент, а тоа е да бара да биде пуштен да оди во Бразил, бидејќи тоа им следува на странците кои се осудени на затворска казна помала од пет години.

- Оглас -

Најнови вести