Дани Алвес: Во ПСЖ треба повеќе да ме слушаат!

Бразилскиот десен бек Дани Алвес има само пофални зборови за тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, но на раководството на клубот за којшто игра му порача дека треба почесто да ги слушаат неговите совети и укажувања.

Алвес има 35 години и освојувал многу значајни трофеи во кариерата (му фали само Светско првенство), па верува дека има искуство кое може да го пренесе. Парижаните доминираат во француската лига, но имаат проблем кога излегуваат во Европа.

„Сакам да ме слушаат повеќе, треба да се слушне мислењето на искусните. Имам искуство, знам како тимот може да оди напред. Знам како се победува и како се губи. Сум поминал низ сè. Имам чувство дека некои луѓе во клубот немаат познавања. Пред реваншот со Манчестер, сите беа релаксирани, а јас предупредував дека мора да се биде внимателен против таков клуб со голема историја. За мене, најдобар трансфер што клубот го има направено откако сум тука е доведувањето на тренерот Тухел. Човекот е многу паметен и претставува сервис на тимот. Уживаме со него“, вели ветеранот.

- Оглас -

Најнови вести