Дани Олмо ќе ги скара вечните ривали Реал и Барселона

Дани Олмо ги мина сите категории во познатата Академија на Барселона „Ла Масија“, а Здравко Мамиќ имаше вистински инстинкт и го доведе во Динамо Загреб за помалку од милион евра, а сега цената му е повеќекратно поголема.

Отштетната клаузула на офанзивниот играч за врска е одредена и чини 25 милиони евра, сума што Барселона беше подготвена да ја плати сè додека не се вмеша вечниот ривал Реал Мадрид.

Според информациите на хрватските медиуми, јајтрофејниот светски клуб Реал понудил 26 милиони евра за ангажман на 20-годишниот играч на Динамо Загреб.

Сега се чека одговорот на Барселона дали ќе ја покачи понудата за да го врати Олмо во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести