Даниел Аврамовски со победа дебитираше во турската лига

Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Аврамовски, зад себе ги остави повредите и административните проблеми, па денеска конечно го имаше своето деби во турската Суперлига, откако уште летоска од Вардар се пресели во Кајзериспор.

Кајзери победи на гостувањето кај директниот конкурент за опстанок, Денизлиспор, со 1-0, а популарниот Цујо беше стартер, и играше до 75-та минута.

Ова е само трета победа на Кајзериспор сезонава, и најавуваат дека не се откажуваат од опстанокот. Инаку, во почетниот тим Кајзериспор имаше само еден Турчин и десет странци, меѓу кои најпознат е Англичанецот Арон Ленон.

- Оглас -

Најнови вести