Даниел Прањиќ за Томас Милер: Кога го видов првпат реков дека ако тој стане играч, ќе ги оставам копачките

Томас Милер кој сега е легенда на Баерн Минхен и германскиот фудбал, освојувајќи ги сите можни трофеи, кога му се приклучил на првиот тим на Баварците, бил потценуван од колегите. Некогашниот хрватски фудбалер Даниел Прањиќ признава дека бил меѓу скептиците и дека направил голема грешка во проценката за можностите на Милер. Прањиќ играше за Баерн од 2009 до 2012 година.

„Ван Гал го најде, игравме пријателски меч и Милер тогаш првпат влезе во соблекувална, го донесоа од вториот тим. Нозете му беа слаби, не изгледаше како фудбалер. Му реков на Олиќ кој ли е сега овој? Ако овој игра, јас ги оставам копачките“ – се присетува Прањиќ.

Сега Хрватот признава дека згрешил.

„Неверојатно е како тој секогаш се наоѓа таму каде што треба, има добро чувство кога да влезе во простор. Топката го сака. Добар беше во сите работи, и карти кога игравме тој не знаеше да загуби. Едноставно роден е под таква ѕвезда и крај на приказната. Мојот прв впечаток беше дека нема шанси да стане добар играч, никогаш не би рекол. Погрешив“ – вели Прањиќ.

- Оглас -

Најнови вести