Данило Брестовац веќе не е селектор на Македонија!

Данило Брестовац веќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Под негово водство, националниот тим го освои 23-тото место на Светското првенство во Египет.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац на 26 јануари 2021 г. взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори. Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година“, велат од РФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести