Данило слета во Торино на медицински прегледи (видео)

Бекот на Манчестер сити Данило, моментално е во Торино каде што треба да ги изврши медицинските прегледи и да потпише договор со италијанскиот првак Јувентус. Бразилецот ќе биде најновата летна аквизиција на Старата дама, а како што претходно пренесоа одредени италијански медиуми, тој ќе стави потпис на петгодишен договор.

Ова е знак дека во спротивен правец замина Жоао Кансело, кој беше најавуван како желба на Пеп Гвардиола и по две сезони во редовите на Јувентус кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Јуве успеа да изнуди одлична зделка од која ќе направи и убав профит. Сити го понуди Данило во пакет со дополнителни 30 милиони евра за услугите на Кансело, понуда која Старата дама без многу размислување ја прифати.

https://twitter.com/juventusfc/status/1158778935951482880?s=19

- Оглас -

Најнови вести