Данска го збриша и Тунис на Мундијалот

Данска игра супер ракомет на почетокот на Мундијалот, чиј домаќин е заедно со Германија, а по победата од 23 голови разлика против Чиле, вечерва го декласира и Тунис со 36:22.

Данците се меѓу главните фаворити, а како загревање за важните битки ги гази аутсајдерите. Предводени од Хансен и од Лауге избраниците на Николај Јакобсен одиграа моќно. Овие двајца ракометари постигнаа по 7 голови во разиграната машинерија на Данците, а мечот беше решен по само 30 минути игра.

Фаворитот веќе водеше со 9 голови разлика по првиот дел, а и потоа разликата само растеше со конечните плус 14.

За Тунис ова беше втор пораз, но за нив веројатно клучна ќе биде битката со Австрија и со Чиле за пласман во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести