Данските ракометари и македонските навивачи доминантни за крај во Дебрецин

Данска ја совлада Македонија со 31-21 во мечот со кој заврши групната фаза во Дебрецин на Европското првенство во ракомет за мажи. Македонија во трите кола забележа три порази, денешниот најочекуван и најубедлив, па затоа и не беше толку трагично примен како оној со Црна Гора.

Данците беа доминатни во втората половина од првото, и цело второ полувреме, па на крај направија голема разлика.

Сепак, навивачите не престанаа да навиваат, расположението беше на високо ниво, и данските фанови се воодушевуваа на поддршката која ја даваа нашите во моменти на голем резултатски минус.

Убав момент беше дебито и првиот репрезентативен гол на официјален натпревар за Марко Митев, кој е најмлад во составот на селекторот Кирил Лазаров. Инаку, Жарко Пешевски беше најефикасен кај Македонија со 6 гола.

- Оглас -

Најнови вести