Данците треба да бираат: фудбалско ЕП или Тур де Франс?

Главниот град на Данска, Копенхаген, ќе биде преполн со спортски настани во јуни 2021 година. Копенхаген е еден од 12-те градови во кои треба да се игра одложеното Европско првенство во фудбал, а таму треба да стартува и најпознатата велосипедска трка, Тур де Франс.

На стадионот „Паркен“ треба да се играат мечевите од групата Б, на кои Данска е домаќин на Финска, Белгија и Русија, и едно од осумте осминафиналиња. Според Јеспер Мелер, кој е прв човен на данската фудбалска федерација, шансите да се игра ЕП во Копенхаген, во моментов се 50-50. Данците и другите 11 земји имаат рок до 30-ти април да се изјаснат дали ќе останат на намерата да бидат домаќини на овие мечеви од ЕП, или ќе се откажат. Одговорот на Копенхген зависи од тоа дали спонзорите ќе ги дадат планираните средства.

Престижната велосипедска трка околу Франција, во 2021 година треба да стартува од Копенхаген, првите три етапи ќе се возат во Данска.

- Оглас -

Најнови вести