Дарио Ивановски победи на скопскиот маратон, и тоа со македонски рекорд!

Македонските атлетичари, Дарио Ивановски во машка, и Адријана Поп Арсова во женска конкуренција, се победници на Скопскиот маратон, кој по 17-ти пат се одржа денеска низ улиците во Скопје, а тие исто така поставија и нови македонски рекорди.

За Ивановски, тоа е деветти национален рекорд кој го држи во атлетиката кај нас. Тој маратонот го заврши со време од 2 часа, 21 минута и 27 секунди, па така зад себе ги Младен Ставановиќ од Босна и Херцеговина, и Давид Перлич од Германија.

Поп Арсова постави нов македонски рекорд под 2.40:36, и беше за три минути побрза од втората Силвија Јукаила од Еквадор, додека трета низ целта мина Билјана Кираџиева.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести