Дарио Ивановски постави македонски рекорд и освои сребро на Балканското првенство

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, не ја одбрани титулата балкански првак на трката на 3.000 метри во сала, но денеска во Истанбул истрча свое најдобро време и постави рекорд на Македонија, што беше доволно за второ место и сребрен медал.

На Балканското првенство за сениори во сала кое се одржува денес во Истанбул, Ивановски во дисциплината 3.000 метри имаше резултат 7:58.48 што е нов национален рекорд на Македонија.

Медал во Истанбул освои и Андреас Трајковски, кој беше трети во скок во далечина.

- Оглас -

Најнови вести