Легендата на Црвена ѕвезда и поранешен репрезентативец на Македонија, Дарко Панчев, имаше само пофални зборови за својот поранешен клуб после обезбедениот пласман во Лигата на шампионите.
„Црвено-белите“ од Белград одиграа одличен натпревар на „Маракана“, односно на стадионот „Рајко Митиќ“ против Бодо Глимт и сосема заслужено втора сезона по ред ќе бидат дел од елитното друштво.
„Ова беше феноменална игра, можеби една од најдобрите европски натпревари на Sвезда во последните пет години. Одлично ги започнуваа акциите, добро трчаа, правеа пресинг … Бодо е незгодна екипа и не е лесно против нив да се игра вака. Големо браво за момците, го заслужија ова.“ – вели Панчев за Спортал.
Дарко Панчев имаше само пофалби и за тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, но и за Хванг.
„Секој кој размислува малку подобро, сфаќа дека Бодо не беше толку подобар од Sвезда за да биде проблем тој минимален пораз од првиот натпревар. Навистина добро играа и со Милојевиќ бев презадоволен и во првиот мандат. Секогаш екипата добро трчаше, играа висок пресинг, добри беа и на тактички план. Одбраната изгледаше одлично, Хванг беше централна фигура во средниот ред, ова му е можеби и најдобриот натпревар до сега. Се функционираше на ниво, Милојевиќ навистина си ја знае работата. Дефинитивно беа многу подобри од Бодо.“ – додава Дарко Панчев.
На крајот од интервјуто, Дарко Панчев не заборави и да ги поздрави навивачите на Црвена ѕвезда, Делии.
„Навистина оваа прекрасна публика беше фантастична, можеби меѓу најдобрите во светот. Навистина заслужуваат вакво задоволство и да се радуваат, бидејќи тоа и го заслужуваат.“ – го завршува Панчев интервјуто за Спортал.