Дарко Велковски е нов фудбалер на Динамо Букурешт

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски од вечерва и официјално е нов фудбалер на романскиот тим Динамо Букурешт.

Велковски, кој неколку месеци беше без ангажман по разделбата со саудискиот Ал-Етифак, вечерва потпиша за романскиот тим и ќе претставува адут на Динамо во битката за опстанок.

Динамо Букурешт првиот дел од сезоната во романскиот шампионат го заврши на 15-тото место со 16 бода, четири повеќе од Ботошани, кој е последен, а има седум бода помалку од 14-тиот Поли Иаси.

Велковски досега во кариерата има играно за Работнички, Вардар, Риека и Ал-Етифак, додека за македонската репрезентација настапи на 48 натпревари и постигна три гола.

 

- Оглас -

Најнови вести