Дарко Велковски: Славен Белупо играше како македонски третолигаш

Фудбалерите на Риека загубија од Славен Белупо и веќе не го држат второто место на табелата во хрватската лига, а македонскиот интернационалец Дарко Велковски, кој вчера наполни 25 години, рече дека Фармацевтите откако повеле со 1-0, не играле фудбал, туку постојано лежеле на теренот.

Славен по 3.152 дена славеше против Риека, девет години чекаа триумф, па затоа на Велковски тешко му падна поразот.

„Во првото полувреме донекаде се играше фудбал. Славен ја искористи шансата, ние имавме три-четири шанси кои во 80 проценти се голови. Во вториот дел кај нив снема сила и почнаа да лежат по теренот. Одамна не сум го видел тоа, можеби последен пат кога играв во македонскиот куп против третолигаш“, изјави Велковски.

- Оглас -

Најнови вести