Даугава во Рига е мека за гостите, Летонците немаат победа на шест меча

Летонците вечерва против Македонија ќе играат и против лошата традиција и откако почнаа да играат на „Даугава“ стадионот во Рига ги следи малер и немаат победа на шест меча.

Загубија четири, а на два натпревари ремизираа и се уште се без победа на реновираниот стадион, за кон потрошија 62 милиони евра, а комплетната реконструкција треба да биде завршена до 2022 година со поставување на кровот на стадионот.

Претходно Летонците играа на „Сконто арена“ исто така во Рига, а по преселбата на „Даугава“ губеа од Азербејџан со 1:3, потоа и од Грузија и Израел со по 0:3, а Словенија ги декласира со петарда без примен гол.

Ремизираа со Андора без голови и со Казахстан 1:1, па јасно е дека Македонија е голем фаворит вечерва за победа и нема друг избор освен да се освојат бодовите на стадион што е мека за гостинските репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести