Австрискиот фудбалер Давид Алаба, можеби веќе никогаш нема да може професионално да игра фудбал. Дефанзивецот на Реал Мадрид се повреди лани во декември на меч против Вилјареал, и не се знае кога ќе се врати на зелениот терен.
Според некои извештаи од Шпанија, на Алаба му е загрозена кариерата.
Тој имал намалена ‘рскавица, што прави коските во коленото да се тријат и фудбалерот кога трча чувствува голема болка.
Алаба почна со полесни тренинзи, но кога ќе почнат потешките вежби, ќе биде проблем. Затоа клубот почна да размислува да купи одбранбен играч уште во јануарскиот преоден рок, особено што тешка повреда има и Даниел Карвахал, па ротацијата во одбраната на Кралскиот клуб е многу скратена.