Давид Писонеро веќе нема да биде прв тренер на РК Вардар

Едуард Кокшаров ќе биде новиот тренер на ракометниот клуб Вардар, а досегашниот шеф Давид Писонеро ќе ја има улогата на асистент-тренер. Оваа одлука е донесена и наскоро треба да биде официјализирана.

По дебаклот против Кил на домашен терен, кога во првото полувреме Вардар даде само 4 гола, одговорноста ја презеде тренерот. Кокшаров е долго време во Вардар, тој е директор во клубот, беше тренер и на ЖРК Вардар, а потоа и селектор на Русија. Дали ќе биде само привремено решение или и понатаму ќе го води клубот, засега не се знае.

Следен меч за Вардарци е гостувањето против европскиот вицешампион Веспрем и се очекува Кокшаров да го води тимот.

- Оглас -

Најнови вести