Де Бројне збесна на Гвардиола и му порача: „Замолчи, замолчи“, а потоа следуваше одговорот на тренерот (Видео)

Манчестер сити убедливо со 4:0 го победи Реал Мадрид и се пласира во финалето на Лигата на шампионите, каде што последна пречка за освојување на толку посакуваниот прв трофеј во елитното натпреварување ќе им биде Интер.

Граѓаните синоќа доминираа на теренот против Реал и на полувреме водеа со 2:0, а на крајот славеа со 4:0. Сепак, дека сè не е како подмачкано и дека во текот на мечот има многу емотивни испади, се потврди и со реакцијата на капитенот на Сити, Кевин де Бројне.

Белгискиот репрезентативец во еден момент од второто полувреме, откако загуби една топка, луто се сврте кон клупата на неговиот тим и на тренерот Пеп Гвардиола му се развика: „Замолчи, замолчи“.

По средбата, овој момент го прокоментира и самиот Гвардиола.

„Водевме со 2:0, а многу брзавме. Веднаш на стартот од второто полувреме Гундоган загуби една топка, потоа Кевин направи три транзиции кои не беа потребни. Многу брзавме, а требаше да го направиме спротивното, да ги потонеме и да ги стопираме. Но, тоа е нормално. Бевме многу блиску и не смеевме да брзаме, но сепак генерално имавме одлична игра“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести