Де Хеа повторно во Премиер лигата, Њукасл во него гледа решение по повредата на Поуп

На шпанскиот 33-годишен голман Давид де Хеа можеби наскоро ќе му се исполни желбата да биде прв голман на амбициозен европски клуб од топ лигите.

Де Хеа кој е слободен, бил заинтересиран за понудата која ја добил од Њукасл, па може уште во јануари да се врати во Премиер лигата откако летоска си замина од Манчестер јунајтед.

Инаку, Чавките долго ќе бидат без првиот голман Ник Поуп, кој има повреда, а не сакаат до крајот на сезонава да останат само со Мартин Дубравка и Лорис Кариус.

- Оглас -

Најнови вести